Со сиктер кафе Мицкоски и Таравари ќе ја почнат следната недела
Проштално кафе на Илинденска ќе пијат следната недела Мицкоски и Таравари. Вака Мицкоски ќе му се заблагодарел на првиот човек на здравството за досегашната соработка откако како што посочи премиерот - Таравари одлучил да делува опозициски.
Сепак Мицкоски тврди парламентарното мнозинство со или без Таравари е стабилно но како што рече погрешна му била проценката и чекорот кој го превзел, а го носи се поблиску до прегратките Али Ахмети.
Дека заминувањето од владата веќе не е никаква тајна порача вчера на настан и Таравари, но и додаде дека за Алијанса за Албанците во овој момент покомфорна зона е да делуваат опозициски.
- Ги гледам притисоците што ги прават врз премиерот дека Алијанса за Албанците морало да се тргнбе од Владата. Не е проблем. Не сме се родиле во владата. Секогаш кога сме излегле од Владата сме се вратиле многу посилни. Наше е да ги вратиме општините. За нас тоа е вистинска мотивација, бидејќи џабе сме во владата ако не можеме да сработиме ништо. Ако не можеме да го следиме европскиот пат, да не се направи децентрализација - тоа не е добро за нашиот углед и затоа сметам дека е подобро да се тргнеме од таква влада. - Арбен Таравари.
Средба со Таравари најави и лидерот на СДСМ Венко Филипче, а пак Ахмети го поздрави чекорот кој го направил за излегување од власта за која како што порача Ахмети допрва ја чекало политички земјотрес, а пак Мицкоски му возврати на првиот интегративец да се држи понастрана од луѓе кои се поврзуваат со криминални дела за да не му тропнат на врата и нему органите на прогонот, но и дека во безидејност со години ја користи истата реторика за да дојде на власт.
И дел од помалите владини коалициски партнери како ДС пак реагираа дека Ахмети преку реторика за дестабилизација сака повторно да се врати на власт.