Со шпанскиот балет „Луксуриа“ вечерва во Античкиот театар ќе се одбележи 62годинишнината на Охридско лето

Со настап на уметниците од фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија вечерва на Античкиот театар со почеток од 21 часот, ќе се прослават 62 успешни години од раѓањето на оваа најголема манифестација кај нас. Организаторите велат фестивалот е на средина, а за успешноста на овогодинешната програма говорат полните гледалишта и интересот кај публиката за карта повеќе.