Со пари од ЕУ се уредува и оплеменува просторот околу Водочкиот манастир кај Струмица

Просторот околу манастирскат црква Св Леонтиј  кај струмичко Водоча каде се наоѓа и седиштето на Струмичката епархија ќе се уредува и оплеменува за да стане нова дестинација за посета. Ќе се уредува кејот на реката Водочница, ќе се градат патеки, фонтани, ќе се осветлува целиот локалитет за да може гостите што доаѓаат и уживаат во богатото културно и историско наследство околу црквата која преставува ранохристијанска базилика.

Станува збор за проект за кој средствата општина Струмица ги има обезбедено од ИПА фондовите во висина од околу 150.000 евра. Таму деновиве почнаа работите за уредување на целиот простор кој треба да биде оплеменет и со урбана опрема. 

Водочкиот манастир е еден од ретките во земјава кој со својата архитектура го отсликува духовниот живот во овие простори.

Уредувањето на просторот околу манастирот Св Леонтиј во Водоча се очекува да заврши до крајот на годинава и ќе биде уште една локација за посета за домашни и странски туристи.