Со илјадници верници погребан српскиот патријарх Иринеј
Foto

Со илјадници верници погребан српскиот патријарх Иринеј

Србија се прости од патријархот Иринеј. Поглаварот на Српската православна црква беше погребан денеска во криптата во храмот „Свети Сава“ во Белград. Литургијата почна утрово некаде во 9 часот, а покрај српските црковни и државни власти, присуствуваа и преставници на други верски заедници, а тука беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион.

„Овој храм тој практично го изгради. Ја обнови културата на сеќавање. Тој не прифаќаше поделба на луѓето и нациите, иако ја признаваше секоја држава кроена на моделите на АВНОЈ. Тој веруваше во растечката сила на српската држава и помалку наивно, во силата да го убеди светот за страдањата на нашиот народ на Косово“ - изјави Александар Вучиќ – претседател на Србија.

Пред храмот беа присутни голем број верници кои преку двата видео бима ја следеа Светата литургија откако присуството во Храмот беше ограничено поради епидемиолошката состојба.

Српската Православна Црква беше силно погодена од коронавирусот. Патријархот Иринеј почина од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по служењето литургија на погребот на митрополитот Амфилохије во Црна Гора, кој исто така почина од последици од Ковид 19.

Денеска почина расчинетиот епископ Артемије, a претходно почина и ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи.

0 Коментари

Остави коментари