Со фамилијарна фотографија и неформална вечера почна 30-от министерски совет во Скопје

Со фамилијарна фотографија и неформална вечера, шефовите на дипломатиите од земјите членки на ОБСЕ вечерва неофицијално го почна 30-от министерски совет во Скопје.

Во централната позиција на фотографијата беа македонскиот министер за внатрешни работи, Бујар Османи, како и државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и руската делегација не присуствуваа на неформалниот почеток на Советот на ОБСЕ.

 

Од Американскиот Стејт департмент, денеска беше истакнато дека нема очекувања за каква било средба меѓу Блинкен и Лавров, за време на состанокот на министрите на ОБСЕ во Скопје.