Со факти да се брани македонскиот идентитет
Научната фела да предничи пред политичарите кога е во прашање одбраната на македонскиот идентитет, само со факти и аргументи можат да се зацврстат ставовите за историските прашања и да вродат со успех вели професорот и поранешен пратеник Рубин Земон.
Недоволната еманципираност и колективна меморија досега не чинеше скапо додава Земон.
Но, колку што е поголема желбата за приграбување на нашиот идентитет и историја толку е поголем пркосот кој ги топи тврдите ставови вели екс пратеничката Лилјана Поповска.
Колективната меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“ беа темите на денешната конференција Водици 2025 која се одржува по 13 ти пат во Охрид, а на која учество земаат околу 70ина учесници од 14 земји.