Со 61 поен, Лилард го предводеше Портланд до триумф над Далас
Foto

Со 61 поен, Лилард го предводеше Портланд до триумф над Далас

Портланд забележа значаен триумф над Далас со 134:131 (38:31, 28:27, 32:37, 36:36), во обидот да избори пласман во плејофот од НБА лигата. Најзаслужен за победата на „Блејзерс“ е Дамјан Лилард кој уфрли 61 поен.

Тој стана шестиот играч во историјата на НБА кој постигнал 60+ поени на натпревар три или повеќе пати во својата кариера.

Портланд, со 34 победи на 73 натпревари, е осми во Западната конференција, додека Далас е за едно место погоре со 43 победи на 74 натпревари.

На другите два натпревара играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:

Сакраменто – Њу Орлеанс 112:106

Вашингтон – Милвоки 113:126.

0 Коментари

Остави коментари