Со 2000 амандмани пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе го блокира предлог законот за служба во армијата

Нова блокада на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со 2000 амандмани пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го блокира предлог законот за служба во армијата .

Целта на амандманите според опозиционерите е подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж или со навршување на 55 години возраст.