Со 100 илјади евра народни пари ќе се одбележува 22-от роденден на Охридскиот договор
Бината за вечерашната прослава на рамковниот договор е веќе поставена на вообичаената локација на плоштадот на Скендербег.
Првиот вицепремиер Артан Груби информираше деновиве дека на забавата за Рамковниот која ќе биде од забавен карактер и чини околу 100 илјади евра ќе присуствуваат многу естрадни ѕвезди од земјава, од Албанија и од Косово.