Снежно невреме ја зафати Турција

Снежно невреме  ја зафати Турција. Еден од најголемите   туристички  градови Истанбул  осамна под снег кој го парализираше сообраќајот. десетици луѓе останаа заробени во своите автомобили на температури под нулата.откажани се летовите на истанбулскиот аеродром - еден од најфреквентните во светот. 

Од  македонското Министерство за надворешни работи  за ТВ   24 велат дека преку Амбасадата во  Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул не е регистриран загрозен  македонски државјанин   во Турција. 

- Ги  повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Турција, доколку имаат евентуална потреба за помош, да ги контактираат нашите дипломатско -конзуларни претставништва  на  Амбасадата во Анкара  или Конзулатот во Истанбул како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk. 

Во некои делови на истанбул паднаа над 80 сантиметри снег,  на терен се спасувачките и градските служби. градоначалникот на истанбул вели дека е  скратено работното време на јавните институции и трговските центри. сепак и покрај проблемите, истанбул зависи од благословот на снегот.  

Снежна покривка ја зафати  и грчката  престолнина. Блокиран е  сообраќајот   а снегот ги остави заробени стотици  возачи на автопатите...Најдраматична е ситуацијата на обиколницата  околу Атина која го поврзува главниот град со аеродромот...Во акцијата за спасување учествуваат копнени спасувачки единици со тешка механизација и амбулантни возила...Војници делеле  храна, вода и ќебиња додека температурата паѓала во текот на ноќта...Обилните снежни врнежи се ретки во Атина, но градот втора година по ред го погодува снежно невреме.