Снежен бран во април
Foto

Снежен бран во април

Студен бран проследен со снег, мраз и ниски температури, го зафати балканот. Хидрометеоролошкиот завод на Србија најави дека во следните неколку дена температурите во државата ќе бидат под вообичаениот просек.

Во поголемиот дел од земјата ќе врне дожд измешшан со снег а на повисоките места се очекува да има и посилни врнежи од снег.

Во Босна и Херцеговина повторно се најавени минусни температури кои на одделни места ќе се симнат и до - 9 степени.

Во Словенија на неколку места се регистрирани рекордно ниски утрински температури, а според тамошната метеоролошка служба, биле измерени 20 степшени дод нулата, што преставува рекордно ниска темпартура во земјата во овој период од годината..Многу ниски температури се регистритани на неколку локации претежно во централниот и јужниот дел на земјата. 

Студен бран ја зафати и хрватска. Снег паѓаше во Загреб и во останатите поголеми градови ширум земјата. Хрватскиот хридрометеоролошки завод соопшти дека снежни врнежи има и во Сплит. Од таму велат и дека во изминативе 70 години, ова е само четврти пат како паѓа снег во градот.

Од Управата за Хидро метеоролошки работи пак велат дека во Македонија од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

0 Коментари

Остави коментари