Снема ехо апарат од кичевската болница - полицијата го гони екс директорот, тој тврди апаратот не е украден
Бившиот директор на кичевската болница го украл исчезнатиот ехо апарат.
Според МВР лицето С:Т во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024 година со намера да се стекне со противправна имотна корист неовластено го присвоил ехо паратот кој бил доверене во службата, како донација од МТСП во вредност од 2 милиони 134 илјади,482 денари.
„Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата“, информираат од МВР.
Екс директорот Трпески за ТВ 24 во телефонски разговор кратко рече дека вакво нешто не очекувал и дека денешната вест од полицијата многу го потресла.
,,Многу сум потресен и не знам зошто ми го прават ова.Јас на примопредавањето предадов уредно се.Потоа заминав на службен пат, па на одмор а кога се вратив ме информираа дека апаратот го немале. Па го најдоа, па пак го немаше. А апаратот е на интерно одделение.Не знам што прават." - вели Станко Трпески поранешен директор на Кичевската болница.
Инаку исчезнувањето на апаратот беше пријавено минатиот месец.