Сметководителите бараат министерството за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки
Foto

Сметководителите бараат министерството за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки

Министерството за економија го одби барањето на сметководителите. Нема продолжување на рокот за поднесување на завршните сметки. Образложението што го добила Комората на сметководители е дека ќе биде нарушен квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ. 

Но сметководителите се жалат дека не можат да постигнат. Кризата им ја зголемила работата, а ги намалила човечките ресурси. 

„За каков квалитет на статистичките податоци зборувам, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде искучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи“, рече Драган Митковски, Претседател на комора на сметководители.

Но, Министерството за економија нема намера да прави измени на Законот за трговски друштва. Велат дека роковите остануваат и дека тоа е зедничка одлука на неколку институции.

„Во консултација со надлежните институции, Централен регистар и Министерство за финансии донесена е заедничка одлука да се почитуваат роковите согласно Законот за трговски друштва“, се наведува од Министерството за економија.

Законските рокови за поднесување на завршните сметки истекуваат на крајот на овој месец. Бараат роковите да бидат продолжени до 30 април за понесување на извештаите во хартиена форма, а до 15 мај електронски. На ваква пракса се повикуваат и во европските земји. Во Германија, Франција и во Шведска роковите се до јуни, односно јули.

0 Коментари

Остави коментари