Случајот Талески ќе добие разрешница: Полицаецот суспендиран и со кривична

Одделот за внатрешна контрола во МВР, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник, кој пред неколку дена, самоиницијативно го удри Филип Талески по глава.

Откако се случи мешаницата на натпреварот во Охрид, полицаецот удри по ракометарот на Вардар, па откако немаше одговор во јавноста зошто го направил тоа, сега е под кривична пријава. Го теретат дека сторил кривично дело „малтретирање на службена должност“.

Самиот Талески во интервјуто по натпреварот потенцира дека се уште не му е јасно зошто полицаецот удри по него и дека не го очекувал тоа, па најави дека можеби ќе тргне и кон судските лавиринти за разрешување на оваа ситуација.

Во билтенот на МВР, односно соопштението на оваа институција, стои дека при вршење на должноста, полицаецот со умисла удри по ракометарот и утврдиле дека применил непотребна и прекумерка сила.