Случајот „Пошта“ покажува целосна неодговрност во раководењето и во владеењето

Државниот завод за ревизија постојано утврдува финансиски загуби и намалена ликвидност на Македонски пошти, се огласи главниот државен ревизор Максим Ацевски,

Случајот „Пошти“ за Ацевски е еден од покарактеристичните кои ја одбележаа годинава, чиј  ревизорскиот извештај за криминалот во Акционерското друштво, веќе е стигнат во Основното јавно обвинителство. 

„Има неповолни финансиски резултати и состојби кои се утврдени во делот на работењето на Акционерското друштво, како и намален квалитет на извршените услуги од нивна страна. Во ревизорскиот извештај дадени се одредени состојби кои упатуваат дека во суштина ако ги споредиме со просекот на светско ниво во делот на брзината на доставување на пратките имаме несоодветна брзина или соодветно забавување на достава на пратки“, рече Максим Ацевски.

Ревизорскиот извештај за пошта, покажа дека директорите си ги зголемиле платите за над 50 проценти. За седум години, акумулирана е загуба од 17 милиони евра. Имало задолжување по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисирале навремено.

Од ДЗС, велат дека акционерските друштва и правните субјекти, ќе бидат  подложени на ревизија и во 2025 година. Обидите и политичките влијанија да отстапиме од нашите планови за работа  се безуспешни, велат од Заводот за ревизија. 

„Нормално е, додаде, по секоја транзиција на власт секој што доаѓа на власт да бара промена на одредени субјекти, да осознае каква е состојбата во правниот субјект кој го наследува.Укажавме на сите одговорни лица дека во суштина не можеме да ја менуваме Годишната програма на ДЗР врз основа на желбите и барањата на тековниот менаџмент. Ние сме врховна ревизорска институција  која треба да обезбеди независност во своето работење и затоа само дел од одредени субјекти ќе бидат предмет на ревизија“, вели Ацевски.

Процентот на преземени мерки по дадените препораки на ревизорите се движи до 80%, дополни Ацевски  на денешната работилница на тема: „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на програмата за работа на Државниот завод за ревизија.