Случајот на Ќафасан со различни реакци во Македонија и во Албанија
Продолжуваат реакциите за случајот на граничниот премин Ќафасан каде беше запрено едно лице да ја помине границата со Албанија а беше во придружба на функционери на ВРЕДИ кои имаа и дипломатски пасоши па беа задржани на границата.
Денеска се огласи и поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша а сега актуелен претседател на Демократска партија на Албанија кој јавно се извини на граѓаните на Македонија.
Сали Бериша Претседател на Демократска Партија на Албанија
- Упатувам извинувањето „во име на сите Албанци“ до граѓаните на Македонија, и до коалицијата ВЛЕН и нејзините претставници. Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, вчера, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од коалицијата на албански партии во Северна Македонија, ВЛЕН, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Северна Македонија и на меѓународните конвенции. Овој чин е сериозен удар врз добрососедството со соседната земја и претставува вулгарен обид да се обвинат соседите и другите за најмоќниот граѓански младински протест во земјата во последните 35 години. Со овој чин, наркодиктаторот на Тирана се однесува во регионот на идентичен начин како Лукашенко од Белорусија и поранешниот диктатор на Венецуела, сега во лисици, Мадуро.
Денеска во изјава за медиумите се огласи и Билал Касами кој пак посочи дека односите со Албанија се добри и дека уште утре ќе го испиел неговото кафе во посета на Албанија
Билал Касами Вреди
- Решивме утре да излеземе заедно во Тирана , да пиеме кафе и да покажеме дека Вреди не е заинтересиран за тензии со соседна земја а најмалку со Албанија . За кафе не ни требаат дипломатски пасоши . Бараме од ДУИ да ја продолжи политичката битка , во рамките на демократските процеси и во рамките на уставот и законите а да не вклучува други земји како што беше овој случај со Албанија.
За ова веќе реагираа и функционерите на Вреди а Македонското МНР веќе имаше разговор и комуникација со амбасадата на Албанија во земјата каде се бараше одговор од официјална Тирана за овој случај .
Вчера пак веќе се огласи и опфицијално албанската полиција од каде укажаа дека постапиле согласно законот и дека лицето кое било во придружба на функционерите ги немало потребните документи и поради тоа било спречено и дека тоа не е изолиран случај туку рутинска контрола каква што налага законот .
Во текот на 2025 година идентификувани се 625 слични случаи, а само во првата половина од оваа година регистрирани се 425 случаи.
Директорот на албанската државна полиција Скендер Хита нагласи дека државната и граничната полиција остануваат гаранти на спроведувањето на законот и дека нема простор за загриженост во врска со извршувањето на нивните должности на граничните премини.
Тројцата функционери кои беа задржани за рутинцки контроли и покрај дипломатските пасоши кои ги поседуваат а потоа откако беа пуштени одлучија сами да се вратат беа Заменик генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани, и двајцата пратеници Беким Ќоку и Аднан Азизи од ВРЕДИ.

