Случај „Тортура“: При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош
Foto

Случај „Тортура“: При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

 Денешното рочиште за случајот „Тортура” кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски продолжи со репродуцирање на снимките на МВР направени при апсењето пред ресторанот Воденица. На снимките се гледа претресот на автомобилот на оштетениот Љубе Бошкоски од страна на инспектори од МВР. При самиот претрес пронајден е пиштол глок со полн шаржер, 17 куршуми, дозвола за носење оружје како и хрватска патна исправа на име на оштетениот. Од снимките се гледа собирањето на доказните материјали меѓу кои и парите фрлени до автомобилот на Бошкоски. Во судницата беше пуштена и снимка како оштетениот Бошкоски го внесуваат во судот додека надвор се одвива протест поради неговото апсење.

0 Коментари

Остави коментари