Случај „Рекет“: Осамнаа нови аудио-снимки, се слуша глас кој наликува на познат бизнисмен, сведок во „Рекет“
Foto

Случај „Рекет“: Осамнаа нови аудио-снимки, се слуша глас кој наликува на познат бизнисмен, сведок во „Рекет“

На Jутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице, братот на премиерот Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Пуштени се пет куси аудио снимки кои траат по неколку секунди. Не се знае кој е соговорникот, ниту кој ги снимал разговорите.

„Имаш ли влијание кај нив, утре да се видиме, да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. Крв ќе има.“ - вели гласот кој наликува на оној на бизнисменот.

Гласот продолжува и во другото аудио, каде вели дека нема да дозволи да му го газат достоинството и дека расчистил со  Сашо Мијалков. Според она што се слуша од материјалот тој  се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија, но во разговорот се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.

„Јас ќе отидам во Бугарија и што тогаш, ќе пуштам како Ким Јонг, па тепајте се во Македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде Мицкоски и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа Љубчо и Бранко, седнаа се договорија“ - вели човекот.

Понатаму, во друг разговор гласот тврди дека имал нешто за да ги сруши Заевии.

„Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.“ - вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „Рекет“.

Од разговорите се слуша дека тој сакал да направи пазар и со опозицијата, зашто според него ВМРО-ДПМНЕ кај и да е ќе дошле на власт.

„Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде“.

Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот Рекет, вели дека овие материјали не биле дел од доказниот материјал што им бил доставен на храд дискови. Но дека ќе ги истражат и разговорите и кој ги објави.

Бизнисменот Орце Камчев го видовме и го слушнавме на снимките што летоска ги пушти италијанскиот весник Ла верита. Камчев кажа дека снимките ги направил сам, но не знае како тие завршиле во јавноста. Вчера во судница за случајот „Рекет“ тој рече дека е жртва кој се бори за правда во земјата.

0 Коментари

Остави коментари