“Случај лифтови”, ТВ 24 дознава - не е исклучено дека во земјава има стотици лажни сертификати издадени од фантом фирма

Обвинителство, Финасиската полиција и други истуции се вклучуваат во истрагата за афаерата поврзана со лажни сертификати.

Телезвизија 24 стапи во контакт со Димче Поповски, сопственик на фирмата ДАКА сервис која учествуваше на тендерот за сервисирање и одржување лифтови во скопската градска болница.

Димче Поповски, сопственик на фирмата за која беше откриено дека аплицирала со лажен серификат на тендер за ТВ 24 вели дека воопшто не знаеле дека плаќаат лажни сертификати. Во Македонија вели дека работат 3 децнии  но дека до сега добиле 50-тина тендери а на половина од нив не се барале сертификати како дел од тендедерските услови. Поповски вели дека и тие кривично ќе ја гони фирмата која продаваше лажни сертификати. 

“Ние веќе обезбедивме нови сертифицирани документи од германска фирма. И ние сме оштетена страна во случајот. Доведени бевме во заблуда и затоа поради штетата што ни се нанаесе се приклучуваме кон институциите во прогонот на фантом фирмата која продаваше сертификати“ - вели за ТВ 24, Димче Поповски сопственик на фирмата ДАКА сервис. 

Од  основното јавно обвинителство за тв 24 велат дека ја чекаат инцијативата од ДКСК за да постапат по истата. 

„Јавното обвинителство ги следи информациите изнесени од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предметот за кој покажувате интерес. Веднаш штом пристигне иницијативата од ДКСК, надлежното јавно обвинителство ќе ги разгледа прибраните докази и ќе ги преземе сите дејствија согласно своите законски надлежности.“ - велат од ОЈО за ТВ 24. 

Одговор побаравме и од обвинителката, Вилма Рускоска, дали предметото на антикорупционерите може да биде основ за преземање на истиот во Обвинителството за организиран криминал и корупција. 

„Прашањето да го упатите до МВР и Финансова полиција. Тие се органи за откривање кривични дела. Обвинителството е орган на прогон.“ - вели за ТВ24 обвинителката, Вилма Рускоска.  

„Во Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, ќе биде отворена предистражна постапка во која предмет на проверки ќе бидат изнесените информации во јавноста, а кои се однесуваат на случајот наведен во вашиот емаил.“ - велат од Управата за финансиска полиција.

Од УЈП за ТВ24 велат дека На барање на ДКСК или било кој друг орган за постапување од страна на УЈП во насока на утврдување на неправилности од аспект на даночното работење УЈП ќе преземе соодветни мерки. 

Според информации на ТВ24, во земјава не се исклучени од оптег околу 100-ци лажни серификати издадени од фантом фирмата која настанува во 2014-та година откако се дели од нејзионот хрватски партнер.