Словенија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО
Foto

Словенија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

На вонредна седница на Парламентот, Словенија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со денешната одлука, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата која го ратификува Пристапниот протокол за НАТО. Од присутните пратеници во собранието, позитивно за членство на Македонија во НАТО се изјаснија 72, додека 12 пратеници беа против. Непосредно пред гласањето, пред пратениците се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери кој порача дека меѓу двете држави нема отворени прашања и проблеми. но ја истакна и улогата на двата парламенти, кои во изминатиов период изградија интензивни билатерални односи.

„Самиот процес кој во суштина го води Брисел, вие веќе сте го поминале и добро го знаете. Ние се надеваме дека до крајот на оваа година протоколот за полноправното членство во НАТО што минатаат година свечено беше потпишан во Брисел од страна на 29-те амбасадори на државите членки, ќе биде ратификуван во сите 29 национални парламенти.“ - изјави Талат Џафери.

Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент денеска едногласно го подржа Протоколот за членство на Македонија во северноатлантската Алијанса a вчера истото го направи и законодавната комисија. По поддршката од страна на двете парламентарни тела, во четврток, протоколот ќе биде ратификуван и на седница на албанскиот законодавен дом.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска порача дека проширувањето на НАТО кон земјите од Западен Балкан ќе ја зајакне Алијансата и ќе помогне во стабилизација на регионот.

„НАТО имаше клучна улога во решавање на тие конфликти, во запирањето на војните и во стабилизацијата. Се уште постојат многу предизвици и проблеми, но е многу охрабрувачки дека имаме членки како што се Хрватска, Албанија, Црна Гора и идната Северна Македонија.“ - изјави Јенс Столтенберг – Генерален Секретар на НАТО.

А во текот на денешниот ден се очекува и Грција да ја испрати Вербалната нота до Македонија. Утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис. А во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломарскиот кор. Присуствуваа вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителот на должност во Канцеларијата за врски на Р. Македонија во Грција.

0 Коментари

Остави коментари