Словенија денеска ќе го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО
Foto

Словенија денеска ќе го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Парламентот на Словенија денеска се очекува да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Во рамките на вонредната седница треба да се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој престојува во посета на Словенија.

Задутре Протоколот ќе се најде на пленарна седница и на албанскиот Парламент и се очекува тој да биде изгласан едногласно. И на оваа седница би требало да присуствува спикерот Талат Џафери.

0 Коментари

Остави коментари