Слот за поразот од Брајтон: Одличен фудбал, но не и резултат кој Ливерпул го посакуваше

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот се осврна на синоќешниот пораз од Брајтон со 3:2 во натпреварот од 37. коло од Премиер лигата.

- Два многу добри тима сакаа да играат фудбал, да не губат време. Очекував да постигнеме трет гол, што ќе го решеше мечот, но тие израмнија, а потоа дојдоа и до целосен резултатски пресврт. Одличен фудбал, но не и резултат што го посакувавме. Игравме со тим кој е на осмото место во Премиер лигата и тоа покажува за нивната сила, изјави Слот.

На едно коло пред крајот Ливерпул е прв на табелата со 83 бода и одамна обезбеден шампионски трофеј.

Брајтон е осми со 58 бодови.