Следнава недела состанок на советот за општи работи на ЕУ - во Македонија песимизам дека е можно решение
Foto

Следнава недела состанок на советот за општи работи на ЕУ - во Македонија песимизам дека е можно решение

Оптимизмот за одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија сведен на минимум. И по средбата на македонската делегација во Софија минатата недела - исчекор нема. Конкретниот владин предлог кој бил ставен на маса и натаму се разгледува од бугарските колеги.     

За Советот за општи работи на ЕУ кој ќе се одржува за два дена, и Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни - екпертите немаат големи очекувања.

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели проблемот не е само спорот меѓу Македонија и Бугарија, туку и заситеноста на Европската унија од проширувања.

За предлогот кој Заев го доставил до официјална Софија, за надминување на спорот, во земјава детали и натаму не се откриваат. 

Од Владата децидни на маса е дијалогот. За јазикот и идентитетот не се преговара. Од Илинденска број 2 изминативе денови ги демантираа бугарските медиуми, кој ден по средбата, објавија дека предлогот содржел 5 варијанти за компромис.

Според пишувањата едната се однесува на јазикот, односно една од формулациите наводно гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно, а се предвидувала и декларација дека двата народа се братски. Информациите кои беа изнесени во дел од бугарските медиуми - источниот сосед, ниту ги потврди, ниту ги демантираше.

0 Коментари

Остави коментари