Следната недела проштална средба меѓу Мицкоски и Таравари?
Ќе биде ли следната недела средба меѓу Мицкоски и Таравари на Илинденска проштална. Ќе си подадат ли рака за досегашната соработка или ќе ја продолжат и понатаму иако се поизвесно според изјавите на доскорашниот коалициски партнер Вреди е дека за Таравари нема повеќе место на Илинденска.
На денешниот брифинг со новинарите а во врска со неговото евентуално излегување од владата Таравари само кратко посочи дека поважно му било да има повеќе градоначалнички места отколку две министерски.
И додека копјата и натаму се кршат меѓу Таравари и Вреди од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак велат независно каков и да е исходот од преговорите со Таравари власта била стабилна. Во гостување на анализа на ТВ 24 пак градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски пак со став дека иако не знае колку пратеници би се одделиле со Таравари тоа нема да ја смени сликата за владината коалиција и нејзиуната стабилност.
И додека очите на јавноста се вперени кон тоа каков ќе биде крајниот исход по речиси двонеделни калкулации зад затворени врати на Илинденска дел од аналитичарите пак со свои гледишта откако универзитетскиот професор Марко Кртолица во гостување на Трилинг на ТВ 24 вели дека токму ваквите средби зад затворени врати не би требало да бидат олицетворение на земја која претендира да биде членка на ЕУ.
Вреди пак последните денови во своите изјави се се поубедени дека ова е крајот на Таравари во оваа владина коалиција и дека како што тврдеа сам го направил својот избор и одлучил да биде со Ахмети а како што тврдеа сите оние кои се со ДУИ за нив нема да има место на Илинденска.