Следната недела поевтинување на горивата – овој месец ребаланс на Буџетот

Следната недела, според очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува  поевтинување на дизелот и бензинот. Тој информираше дека се преговара и со Окта за дополнителен попуст, и повтори дека земјата има најниски цени на горивата во регионот. Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намален ддв за горивата ,  премерот најави ребаланс на буџетот овој месец

Што се однесува до државата и предизвикот со енергетската стабилност, Мицкоски рече дека се подготвени, термо блоковите во Битола и Кичево се завршуваат со ремонти, се подготвуваат сите ресурси за да може подготвено РЕК Битола и Осломеј да одговорат на предизвиците. И  хидропотенцијалот бил на задоволително ниво. По најавите дека РКЕ прави анализи за промени со кои ефтината тарфифа за струја би се скратила во ноќниот а би се проширила во дневниот период , од владата велат дека решението би било добро но одлуката треба да ја донесе  регулаторот. 

Од опизциската  остануваат  на ставот дека со сегашните политики државата се турка во долгови, особено сега по најавата за нов заем од 1,3 милијарди евра .. 

Владата донесе одлука за ново задолжување на меѓународните финансиски пазари со образложение дека  парите требаат за раздолжување  и за  финасирање на дефицитот во буџетот .