Следната недела антикризни мерки

Во октомври во однос на истиот месец лани трошоците на живот на граѓаните се зголемиле за 3,5 отсто. На месечно ниво пак има намалување на инфлацијата од 1,5 отсто.

И покрај делумното намалување на инфлацијата, во најновиот извештај на Државниот завод за статистика се забележува дека  и натаму набавката на храна, режиските трошоци, и здравствените  услуги прават притисок врз домашниот буџет. Трошоците на граѓаните им се зголемени и при набавка на облека и обувки, како и за ресторански услуги. 

 

Раст на трошоци на живот 

 

Домување, вода електрична енергија и гас 5,3“

Алкохолни пијалаци и тутун 7,1%

Облека и Обувки     4,3%

Здравствена заштита 5%

Рекреација и култура 8,1%

Ресторани и хотели 6,9%

Храна и безалкохолни пијалаци1%

 

Од владата очекуваат инфлацијата да продолжи се намалува. Министерот за економија денеска изјави дека новиот пакет на мерки ќе биде објавен следната недела, а со него вели дека дополнително ќе се помогне на одредени категории на граѓани.

„Пакетот на антикризни мерки вчера беше споделен од министерството за финансии и кабинетот на претседателот и со нас како министерство за економија а со другите кои беа вклучено во дизајнирање на мерките, најверојатно кон средина на наредна недела или до крајот на наредна недела ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација.“ - изјави Бектеши.

Власта е уверена дека владините мерки даваат резултат во борбата против инфлацијата. Но најновото истражување на институтот Фајнанс Тинк покажало дека како главни виновници за високата инфлација во земјава се токму владата и нејзините политики како и однесувањето на дел од трговците. Истражувањето покажало дека во иднина цените ќе се намалуваат но со забавено темпо. 

„Една од клучните препораки е датумот на завршување на оваа мерка да не биде познат, да се внимава со фискалните политики кои можат да одат во насока на дополнително подгревање на инфлациските очекувања. Таква мерка беше со пораст на ДДВ сет на производи.“ - вели Благица Петрески од Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк.

Додека владата очекува инфлацијата во земјава да се спушти на пет отсто на крајот на годинава, бизнис секторот бара нови мерки од државата за намалување на трошоците за работа кои ќе придонесат за намалување на цените на нивните крајни производи. Најголемиот дел од граѓаните пак се скептици дека во периодот што следи ќе имаат подобра куповнас моќ.

Од Светска банка веќе излегоа со најнова прогноза за инфлацијата во Македонија, од каде велат дека таа на крајот на годинава ќе биде на ниво од девет отсто.