Славевски за ТВ 24: Ние како советници немаме никаква информација од страна на град Скопје за она што се случува во ЈСП

Трајко Славевски претседател на Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека на скопјани деновиве се попречени во мобилноста од раскопаните улици.

- Пристапот од споредните улици е ужасен и не се променил. Ние сме сите советници и немаме никаква информација од страна на град Скопје за она што се случува во ЈСП, зошто тој е посредник во извршувањето на јавниот превоз. Излегува дека оваа дупка  во ЈСП била многу поголема и не знам од каде ќе се обезбедуваат тие пари која ЈСП не продуцира толкави приходи. Ние сме затекнати и 2 милиони евра се одвоија за три плати на вработените. - вели Трајковски.