Славески во Отворено: Трамп царините ги најави уште во предизборната кампања

Универзитетскиот професор, Трајко Славески во Отворено рече дека, иако САД воведе царини за Македонија, сепак тие се најголемиот стратешки партнер на нашата држава.

Според него, воведувањето на царините беше очекуван потег од Трамп.

„Ние сме на некој начин зависни од ЕУ, најголем дел од нашиот извоз оди во ЕУ, но не би се согалсил дека стратешкото партнерство со САД е чалам, политички тие се една од големите сили и гледаме дека Европа на Балкнаот не реши ниту еден проблем туку тоа го направи САД“, рече Славески.

Тој зборуваше и за тоа дека очекуван потег на Трамп беа царините кои ги воведе.

„Царините беа најавени уште во време на кампањата. Некои беа некои не без изнанеадени. Оние што ги слушале говорите и наговестувањата требаше да очекуваат вакво нешто, дека ќе има раздрмување на економијата. Кои се целите, тие се нејасни, дали да се подобри троговската позиција на САД во однос на Кина, Виетнам. Иако САД си пукааа во нога неколку пати нема да си дозволат пак да пукаат и да создадат незадоволство кај гласачите. Замислете кај нас што треба да се направи за да се измени една цариснка стапка, овде го гледаме кабинетот на претседателотг Трамп и интересно е што тие се флексибилни, денес едно утре друго“, додаде Славески/