„Слатката горчина на зрелите калинки“ долгометражен филм во подготовка
Дел од денешното издание на емисијата Неделен микс со колешката Марија Латиновска беше и режисерот и писател Андреј Волкашин.
Покрај многуте краткометражни филмови кои досега ги изрежирал, наскоро ќе почне и снимањето на неговиот прв долгометражен филм „Слатката горчина на зрелите калинки“, кој ја освои наградата за постпродукција на звук и слика доделена на престижната torinofilmlab работилница.