Слаби резултати на тестирањето на ученици од Македонија
Потребни се крупни промени во образованието и учениците да ги подобрат знаењата. По интернационалната студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети, резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС, покажуваат дека во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Додека пак, во природни науки на 47 место. Слабите резултати на учениците го вклучија алармот, а од министерството за образование и наука посочуваат дека наставниците ќе продолжат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем.
Меѓународното ТИМСС тестирање се спроведе минатата година, по петти пат во Македонија, а се тестираа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски. Во меѓународни рамки, Сингапур е на првото место и по математичка писменост и по наука.