“Скромна Нова година“

Градот Скопје ќе бара начин како и на кој начин ќе се прославува новата година но не и преку договор вреден 243 илјади евра за новогодишни украси, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска без да прецизира колку пари ќе треба да и плати на фирмата за раскинување на договорот.

Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите, потенцираше дека на фирмата ис тојат сите правни лекови но и дека раскинувањето би било спогодбено. Раскинувањето на договорот Арсовска го објаснуваше со фактот дека е бесмислено градот да се украсува, во услови на енергетска криза, и кога на улиците би немало струја градот да свети. 

„Јас се надевам дека фирмата со која е склучен договорот ќе биде општествено одговорна и ќе има разбирање да се раскине договорот.  Неприфатливо е секоја година да се трошат 243.000 евра за новогодишно украсување - може и со многу помалку пари. Ќе најдеме решение како да се дочека новата година, скромно но не и со 243 илјади евра„ - вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. 

На брифингот со новинари, околу видеото кое се појави во јавноста на кое се гледа како работниците кои се затегнати како ја рушат галијата им се спротивставува човек кој ги вербално ги малтретира, градоначалничката Арсовска рече дека според нејзините непотврдени информации видеото е постаро од пред десеттина дена но и дека не знае дали станува збор за тоа дали е сопственикот на галијата. 

Арсовска рече дека рушењето на галијата е со извршно решение од претходниот градоначалник. Посочи дека лично не е за рушење освен на тоа што е констатирано како дивоградба. 

Околу проектите на претходниот градоначалник рече дека ќе ги спроведува само оние кои се во интерес на скопјани но и тие кои што се блиски до нејзиниот концепт. По однос на проектот за БРТ системот кажа нема да се спроведува бидејќи ќе се залага бесплатен јавен превоз и нови автобуси.