Скроена новогодишната кошничка, ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари

Нова мерка на владата Новогодишна кошничка со која ќе се обиде да го ограничи енормиот раст на цените, која ќе се состои од 676 производи. Овој пат цените ги понудуваат бизнисите а не властите, односно компаниите се тие кои што ги нудат нивните најпродавани поризводи кои се продаваат за новогодишните празници и ќе ги продаваат по пониски цени од 10 проценти. 

Мерката стапува на сила од 15 декември и ќе трае еден месец. Во новогодишната кошница влегуваат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо конзервирано и замрзнато овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалаци. Производите ќе бидат обележано со налепницата помалку трошоци повеќе за тебе. 

„Со оглед на тоа што ова е акција која што излегува од компаниите и не е владина одлука не се предвидени казни, односно контролата дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен испекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно со законот за потрошувачи.“ - Бесар Дурмиши министер за економија.

Министерот за економија Бесар Дурмиши посочи дека сега има веб страна под името мојакосница.мк и таму се сите производи понудени од производителите. Посочува дека листата не е конечна и таа може постајано да се надополнува со нови производи. 

На СДСМ излегоа со реакција во којае велат, наместо неефикасни мерки со кошнички, владата да го укине ддвето на храната. 

„Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ.Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно.Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.“ - СДСМ.

Ефектот од минатата мерка есенската кошничка според пресметката на синдикатите е дека трошоците за живот се намалени  за 57 денари, причина за тоа според нив е алчноста на трговците кои ги зголемиле цените пред да стапи мерката на сила.