Скроена новогодишната кошничка, ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари
Скроена новогодишната кошничка која ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Листата на производи е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. На забелешките од новинарите дека во листата на производи во новогодишната кошничка има производи чии цени во изминатиов период се зголемени, премиерот Мицкоски му предочи на директорот на Пазарниот инспекторат да направи контрола какви се цени на пазарот сега и потоа дали тие ќе бидат намалени.

