Скрининг ЕУ-Македонија: Вклучена е само Владата и никој друг
Билатералниот скрининг на Македонија во ЕУ се уште без модел за отворена вклученост на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, Акедемијата, во процесот, што е неопходно. Токму, заради тоа- Граѓанскиот сектор реагира, велат- преговорите се повеќе од базични, сувопарни информации за случувањата во Брисел.
Симонида Кацарска ЕПИ – Подготовка на јавноста и давање на информации пред да се случат состаноците. Далеку е од тоа дека сме во идеална позиција. Очекуваме дека ќе има поголема дискусија и за вклученоста на сите останати засегнати страни.
Марко Трошановски институт за демократија „Социетас цивилис“ - Комуникациски тоа мора да се промени, за да има што поголема поддршка од страна на јавноста за самиот процес кој што во моментот е целосно дискредитиран поради контроверзната рамка на преговори којашто ја усвоиве летово.
Вицепремиерот Маричик пак денеска од Брисел за ТВ 24 најавува пресврт-тврди – сите ќе бидат вклучени
Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања – Останува во наредниот брз период заедно со граѓанските организации да утврдиме точен, инклузивен модел којшто ќе овозможи присуство на граѓанските организации, но исто така и на бизнис заедницата, и Академијата на дел од овие скрининзи , но исто така и во подготовка на документите што ќе бидат преговарачки позиции и коишто ќе бидат наш патоказ за исполнување на задачитре од ЕУ.
Овие три дена во Брисел се отвора поглавјето 24 – правда слобода и безбедност. Поглавје кое опфаќа судска соработка во кривични предмети, миграција, азил..
Симонида Кацарска – Остануваат многу прашања и за капацитетот за спроведување, особено во контектст на азилот и миграциите, затоа што ЕУ ќе гледа поинаку, а не како земја која не ги започначла преговорите.
Марко Трошановски – Предизвиците се во голем дел во капацитетот на администрацијата, мислам дека политики на задржување на вработените, но и нови вработувања се приоритет.
Вицепремирот сосема со спротивен став од Кацарска и Трошановски - тој пак тврди дека Македонија во ова Поглавје е успешна..
Бојан Маричиќ- Поглавјето 24 е поглвје во кое имаме силен капацитет, висока усогласеност со Еу и каде шѕто со години веќе соработуваме на полето на азил, миграции и визен режим.
Поглавјата 24 и 23 ( правосудство и фундаментални права) поглавје кое ќе се отвори на почетокот на декември, се многу важни за целиот преговарачки процес, со оглед на тоа дека новата методологија налага први да се отворат и последни да се затворат. Се советува и вклученост на странски експерти кои Македонија треба да ги побара од земјите членки.