Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег
Foto

Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег

Скопскиот аеродром од 22:45 часот беше затворен за сообраќај, откако воздухоплов на компанијата „Германија“  тип Ербас 321 со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег. Како што информираше претседателот на Управниот одбор и директор во МНА-В Николче Тасески, во моментов е завршена операцијата за  одглавување на воздухопловот со помош на возила за push back од ТАВ.

-Во воздухопловот нема повредени патници и физички оштетувања на истиот. Компанијата го откажала летот и се очекува да биде реализиран во текот на денешниот ден, истакна Тасески.

0 Коментари

Остави коментари