Скопски маратон: Рекордни 13 440 учесници од 55 земји во светот, на прво место маратонците од Кенија
Кенијците Хилари Чемвоно во машка и Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 20. „Визер скопски маратон“.
Чемвоно патеката долга 42 километри ја истрча за 2:13:28 часа, додека Џеруто истата траса ја помина за 2:37:52 часа.
Во машка конкуренција на второ место заврши Кенијецот Даниел Кипротич, а на третата позиција беше најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски кој патеката за помина за 2:16:26 часа.
Во женска конкуренција второто место и припадна на најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова која трчаше 2:39:39 часа, а трета беше Кенијката Вивијан Џелагат.
Натпреварувачите од Турција, оваа година, беа најдобри на полумаратонската трка во машка конкуренција. Во оваа категорија прв на целта стигна Џан Хусеин кој патеката ја истрча за 1:05:54 часа, а зад него беа неговите сонародници Емектар Мурат на второто место и Гедиклиоглу Абдурахман на третата позиција.
Во полумаратонската трка најдобар македонски натпреварувач беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција со време од 1:12:58 часа.
На годинешниот јубилеен „Визер скопски маратон“ настапија рекордни 13 400 натпреварувачи од 55 земји.