Скопска премиера на документарецот „Приказната за Силјан“
По американската премиера во Њујорк и британската во Лондон, „Приказната за Силјан“ за прв пат ќе биде прикажана во скопје на сцената на Македонски народен театар. Премиера на филмот „Приказната за Силјан“ е најновото авторско остварување на Тамара Котевска, кое македонската публика со месеци го очекува по неговиот успешен меѓународен фестивалски пат.

