Скопје вчеравечер пулсираше во знакот на „Белата ноќ“
Носталгично е чуството по кое ќе се памети 15то јубилејно издание на белата ноќ.
Во мноштвото на настани кои беа понудени на Скопјани во рамките на вчерашната долга ноќ, граѓаните особено се израдуваа на можноста повторно да и се доближат на Универзалната сала, објект во кои од 1966 па се до 2015 се случуваа најзначајните културно забавни настани во градот. Кога не можеме внатре, можеме пред неа, суптилно и со носталгија во очите и музичките звезди кои своите најголеми хитови ги создадоа во рамки на Скопскиот Фестивал, токму во Универзалната сала, се собраа да и дадат една носталгична нота на оваа ноќ, но и да заедно се присетат на најголемите музички хитови од Скоспкиот фестивал, во придружба на Биг Бендот.
Освен концертот 50 години Скопски, вчеравечер па се до раните утриски часови ,граѓаните уживаа и во многу други настани, концерти, изложби, кино проекции и театарски претстави.
Посетителите на Белата ноќ имаа можност да уживаат и во најголемото 3д мапирање на фасадна површина досега, фасадата на гаражата 26 јули беше осветлена со светлосна јачина од 80,000 анси лумени, визуелен перформанс „Соларно во Скопје“ на французите Милош Лисински и Џереми Ури.
Белата ноќ несомнено е најголемата градска културно уметничка манифестација, и оваа ноќ со масовната посетеност на граѓаните, како на културните настани така и на забавите во кафулињата до раните утрински часови, покажаа дека скопјани секогаш се расположени за убави настани, но и дека сеуште живеат со спомените за универзална сала и хитовите на Скопскиот фестивал.