Скопје утрово втор најзагаден град во Европа

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „АЈ-кју ер“ денеска го рангира Скопје на 13 место во свет според загаденоста на воздухот со индекс од 138, а на второ место во Европа.

На почетокот од месецот министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе.

Според податоците од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, од мерните станици поставени во скопските општини, најзагадена е скопската општина Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат каде што загадувањето на воздухот со пм10 честички земено во просек изнесува 104 микгрограми на метар кубен.