Скопје, Штип, Куманово и Тетово уште денеска во карантин, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори
Foto

Скопје, Штип, Куманово и Тетово уште денеска во карантин, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.

Владата оваа одлука ја донесе во средата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари