Скопје: Протест по пресудата за 12 години затвор за Јованов

Максимална затворска казна од 20 години за Васил Јованов побара семејството Кулакови за смртта на нивната ќерка Фросина Кулакова, како и дисциплинска постапка за утврдување дали судијката Марковска постапила пристрасно кога пресудила 12 годишна затворска казна за Јованов. 

Поддршка за Кулакови изразија и семејствата Ристовски, Радуловиќ и Лешков кои по смртта на нивните деца, бараат правда и водат долги битки со судството кое го нарекоа длабоко корумпирано. 

Семејството Кулакови изразија сомнеж дека прегазувањето на Фросина било со умисла, бидејќи според нивните тврдења, Васил Јованов во последен момент го променил правецот на движење со автомобилот и удрил директно во Фросина возејќи 90 километри на час.