Скопје празно, метеж само пред и во маркетите
Македонија е во борба со коронавирусот. Скопје денес се разбуди под посебни услови. Апелот на Владата, граѓаните да останат дома и да се заштитат себе си и другите ги испразни булеварите и улиците.
Кафичите и кафеаните се затворени. Скопје е празно. Единствено метеж и раздвиженост има пред и во маркетите.
Граѓаните рано утрово побрзаа да ги купат неопходните продукти, но велат дека има недостаток на основни производи. Во маркетите пак постојано се врши дотур на роба.
Вработените не можат да постигнат и дел од маркетите апелираат граѓаните да бидат разумни во пазарењето, но дел од постарите жители велат дека ваква состојба не паметат.
Моловите не работат – освен продавниците за храна во нив и аптеките.
Препораките од Владата и Министерството за здравство се во насока на спречување на ширење на коронавирусот и превенција на населението. Да не се излегува без итна потреба, задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од ризични подрачја. Да се одложат патувањата во земји со среден и висок ризик. Забрана за јавни и приватни собири.
Овие мерки важат за сите и никој не смее да ги прекрши, за ниво не почитување следуваат казни согласно член 205 и 206 од Кривичниот закон.
Министерот Филипче информираше дека граѓаните преку мобилните оператори ќе бидат добиваат валидни информации за состојбата и актуелностите поврзани со коронавирусот.