Скопје на шесто место во светот според најслаб квалитет на воздухот
Foto

Скопје на шесто место во светот според најслаб квалитет на воздухот

Зимата за скопјани значи повторна борба за чист воздух, и ако еден ден ветрот помогне во борбата и внесе тронка надеж за подобрување на состојбата, веќе наредниот ден мерењата покажуваат дека состојбата ни малку не е променета, а во тоа не успева ниту една власт.

Гласот на народот, протестите и апелите продолжуваат, но се чини се изгубени во градската магла и се невидливи за надлежните.

Според мерењата на швајцарскиот Air Visual,  Скопје е во топ 10  градови во светот со најслаб квалитет на воздухот, во тесна борба со Белград, Сараево и Софија.

На листата на најзагадени земји во светот Македонија се наоѓа на 15то место.  Бангладеш се наоѓа на првата позиција, како земја со најазгаден воздух, додека најчист воздух во светот дишат жителите на Исланд.

Според екологот Јован Мазгански од суштинско значење е да се дознае од каде точно потекнува загадувањето на воздухот, кое варира во текот на денот, а највискоко е во вечерните часови кога сообраќајот е минимален а затоплувањето на домовите е на нула.

Мазгански истакнува дека  проблемот е и кај локалната самоуправа и работата на  инспекциска контрола врз загадувачите на воздхот, недоволниот број на казни според него не е соодветна на реалната состојба.

Според направените истражувања на „Њујорк тајмс“ воздухот во Скопје се  споредува со воздухот во Калифорнија за време на масовните пожари во кои загинаа 85 луѓе и изгореа 19.000 објекти, додавајќи дека за време на пожарите во кои изгореа цели шуми и населби во областа, воздухот достигна загаденост од речиси 200 микрограми на метар кубен (наспроти 189-те на Скопје за добро утро), со што влегува во опсегот на ’многу нездрав’ кога на луѓето им се препорачува да не излегуваат од дома.“

0 Коментари

Остави коментари