Скопје на седмо место по загаденост во светот, во друштво со Њу Делхи, Лахор, Багдад

Зимата уште не почната а главниот град на Македонија веќе се гуши во смог и магла. Утрово Скопје рангиран на високото седмото место во светот по загаденост на воздухот, со индекс од 151, што го прави опасен за дишење. И мерните станици за квалитетот на воздухот ширум земјава деновиве покажаа концентрации на штетни честички во воздухот и по неколкупати повисока од максимално дозволените. И граѓаните од повеќе скопски населби алармираа на социјалните мрежи. Освен Скопје високи вредости на загаденост беа регистрирани и во Гостивар, Кичево, Струмица, Тетово, Велес, Кавадарци. Инаку Скопје е во друштво со најзагдените градови во светот како Лахор во Шакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад Ирак. Од владата најавија дека има акционен план за намалување на загадувањето а еден од клучните проекти во оваа операција ќе биде гасификацијата.