Скопје меѓу петнаесетте најзагадени градови во светот
Граѓаните продолжуваат да дишат загаден воздух. Изминатите денови кога Македонија се наоѓаше на врвот од листата на најзагадени држави во светот.
Од невладиниот сектор забележуваат дека индустријата правела обиди односно лобирања за законски измени со кои би можеле да увезуваат отпад и овде да се согорува за потребите на производствениот процес.
Според нив спалувањето на отпадот е спротивно на концептот за нула отпад, тоа е штетно, загадувачки, скап и неефикасен процес кој ги заробува градовите во безизлезна ситуација со тоа што тие се принудени да произведуваат многу отпад за да го нахранат инцинераторот, поткопувајќи ги напорите за намалување на создавањето отпад или зголемување на стапките на рециклирање. Предлагаат неколку решенија но и 24 часовен мониторинг на издустирските капацитети
ВМРО ДПМНЕ бара од градоначалничката Арсовска која според нив е во коалиција со Ковачевски да престанат со ограбување на народот со тендери, а труе со загаден воздух.
- Плод на соработката Ковачевски Арсовска е директорот на ЈСП Александар Стојковски, кадар на СДС, кој го потпиша договорот за набавка на гориво 27 милиони, со што е оштетено претпријатието за 1.5 милиони евра. Доколку имаше рабат, ќе имаше 1.5 милиони евра повеќе во касата на ЈСП, пари доволни за да се покрие долгот кон приватните превозници, кои не сообраќаат веќе, и има помалку автобуси низ Скопје во ек на најголема загаденост во Скопје. - влат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак бараат да не се води инает и да се одржи вонредната седница на советот, бидејќи сегашното однесување на мнозинството во градот е неразумно и неодговорно.
Преземање на поагресивни мерки за решавање на проблемот со аерозагадувањето, бараат и невладините организации и активситите. Потребна е решителна акција за подобрување на квалитетот на воздухот во земјата и заштита на здравјето на луѓето и животната средина.