350 средношколци ќе се натпреваруваат по математика во Скопје. Натпреварот се организира по прв пат, а целта е да се соберат најдобрите математичари во државата. Наградата за освоеното прво место е 10 илјади евра. Организаторите велат дека намерата е да прерасне во традиционален натпревар.