Скопје ќе биде под полициска опсада на 7-ми мај, поради историската посета на папата Франциско
Foto

Скопје ќе биде под полициска опсада на 7-ми мај, поради историската посета на папата Франциско

На 7 мај, Скопје ќе биде под полициска опсада. Безбедноста ќе биде подигната на највисоко можно ниво бидејќи за прв пат во земјава доаѓа поглаварот на римокатоличката црква. Папата Франциско во Скопје ќе престојува околу 10 часа, а во тој период во градот ќе има засилени безбедносни мерки.

Откако Папата Франциско ќе пристигне на плоштадот и ќе поминува меѓу верниците, тие нема смеат да фрлаат предмети кон него, дури ни цвеќиња, а во текот на литургијата нема да смеат да ракоплескаат. Забрането ќе биде носење чадори, транспаренти и знамиња, а минатата недела се заварија и шахтите на плоштадот.

Папата ќе се сретне со Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во салата „Мозаик“ на претседателската палата.

0 Коментари

Остави коментари