Скопје и Софија и покрај недоразбирањата на политички план, со заедничка истрага за автобуската несреќа

На календарот на месец ноември, Македонија со црни букви го обележа 23ти - страотна сообраќајна несреќа на македонски автобус, кој се запали на автопат во Бугарија. 45те мртви, јагленосани тела на македонски граѓани, ги спуштија знамињата на половина копје и ја однесоа државата во жалост. Кој е виновен ? Пред одговорна задача се бугарските власти, кои со помош на македонските институции треба да спроведат истрага и вештачења за да се откријат причините за најтешката автобуска несреќа во Европа во последните 10 години. Скопје и Софија и покрај недоразбирањата на политички план, ги подадоа рацете за заеднички да дејствуваат во име на вистината.