Скопје и натаму се дави во ѓубре - преполни контејнери и смет на сите страни, опасноста од зарази останува

Грдата слика со купишта смет се провлекува со денови низ метрополата, стотина мини депонии се формираа околу контејнерите поради нивното непразнење. Состојба идеална за ширење на заразни болести, но и размножување на глодари.

Од институтот за јавно здравје дури денес излегоа со конкретни мерки за заштита велат дека по задолжението од Влада за вонредни контроли и добиените факти од инспекциите можело да се даде насоки. 

Епидемиологот Драган Кочински кој е дел од ИЈЗ вели дека предлог мерките се поделени за општото население и до институциите. 

д-р Мирјана Димовска која раководи со одделението за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија при ИЈЗ истакна дека фокусот е пред се на здравјето на целокупното население како и индивидуалното. Како би се заштитило населението се препорачува и поставување дезинфециони бариери пред влезовите. 

Од ЈП Комунална хигиена пак информираа дека 350 тони комунален отпад бил подигнат од скопските улици, спроведени се активнсти за празнење на контејнери и транспорт на ѓубре. Од таму велат дека сеуште немаат информација за тоа каде се одлага сметот кој што го собираат градоначалниците.

ЈП „Комунална Хигиена – Скопје“

- Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности?

Црвениот аларм за опасноста од хигиенската криза во Скопје со денови е активиран. Скопските градоначалници остварија заеднички вонреден состанок на ЗЕЛС за тоа како да се справат преголемата количина на губре во градот, вчера пак градоначалникот на Центар Горан Герасимовски го активира и општинскиот штаб за заштита и спасување од каде најавија итна вонредна дератизација на образовните објекти и колективните домувања, а веќе се дератизираат и шахтите, и се работи во две смени за собирање на отпад околу садовите за таа намена.

Додека пак градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Дејан Митески со помош и механизација од други градови и општествено одговорни компании ги расчистуваат мини депониите и немало да дозволат да се наруши здравјето поради како што кажаа нефункционалноста на комунална хигиена-скопје.