Скопје е шести најзагаден град во светот
Скопје и денеска е повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот односно на шестата позиција со 170 мг/метар кубен. И за време на викенд индексот покажува далеку повисоки параметри од оние дозволените 100 на метар кубен.
Последните алармантни податоци за загадувањето во Скопје ја открија цементарницата Усје со исклучително загрижувачки показатели. Според градските власти кои направија и вонреден инспекциски надзор кај Усје резултатите покажале дека котларата која користела мазут за загревање на работните постории испуштала многу повеќе азотни оксиди во воздухот. Драгана Велкова советничка на град Скопје а доаѓа од редовите на активистите вели дека контролите по правило не треба да бидат најавувани но и покрај најавената во Усје бројките се многу високи.
Индустријата како сегмент врши значајна улога во загадувањето и мора да почне инспекторатот да опоменува и по допрен глас давајќи им период од неколку дена ако и тогаш не реагираат нивна обврска е да пишуваат и казни. Возила со пониски еколошки категории кои што се увезуваат кај нас мора под итно да редуцира. Во Скопје се гради без никаков план што значително го намалува струењето на воздухот односно природното прочистување на амбиенталниот воздух, а по автоматизам се донесуваат повеќе луѓе кои нормално создаваат поголем отпад и формирање на така наречените маалски диви депонии.
Освен загадувањето на воздухот на сите страни може да се забележат и оние така наречени маалски депонии. Мебел, пластика, градежен шут, руинирани објеки има во центарот на Скопје. Граѓаните кои што ги пресретнавме на местото со порака до општинските, но и властите на град Скопје да преземат нешто час поскоро отстраннување на губрето, покрај тоа што не е убаво за око представува и реална опасност, бидејќи во непосредна близина има училиште и деца се движат таму.
Сите државни органи се кон целта да се движиме по патот кон Европа но европскиот пат не може да биде проследен со губре на сите страни.